
„Донарума не е голман каков што сака Гвардиола, чуден е изборот на Сити“
Познато е дека Пеп Гвардиола сака голманите да знаат да играат и со нозе, но Донарума не се истакнува со таква вештина, па затоа на Пол Сколс му е чуден овој трансфер.
„Донарума е чуден ангажман на Пеп Гвардиола. Според мене тој е фантастичен голман и јас веднаш би го донел во Манчестер јунајтед, без размислување“, вели Сколс.
„Сити го доби за неверојатна сума, но Пеп Гвардиола сака голманите да играат со нозе како да се фудбалери за врска. Мислам дека тоа е и главната причина поради која Луис Енрике се откажа од Донарума, тој не е добар со нозе. Не можам да видам како Донарума може да биде голман за Пеп и Манчестер Сити“.