
Фудбалската репрезентација замина за Прага, пред дуелот со Саудиска Арабија (ФОТО)
Нашиот национален тим се собра во понеделникот, а попладнево треба да има тренинг на стадионот Викторија во чешката престолнина каде ќе се сретне со ривалот од Азија. Тоа ќе биде трет меч меѓу Македонија и Саудиска Арабија, еднаш играа во Ријад и еднаш во Абу Даби. Во Ријад се сретнаа на 1 август 2001 година и тој меч заврши без победник (1-1), додека мечот во Абу Дабу, на 22 октомври 2022 година заврши со победа на Саудијците со 1-0.
Утрешниот дуел ќе биде генерална проба за пресметката против Лихтенштајн, в недела во Скопје, во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2026 година.