
Летното засилување на Алкалоид кандидат за МВП во ЕХФ Европската лига
Станува збор за исландскиот репрезентативец Улфар Тордарсон кој имаше свое шоу во Хановер иако ни тоа не му помогна на Алкалоид да дојде до триумф. Тордарсон постигна 10 гола од 11 шута и беше убедливо најефикасен играч во тимот на Алкалоид бидејќи далеку зад него остана вториот стрелец во тимот Игор Ѓоргиев со четири гола.
Поради своето фантастично издание, Тордарсон е номиниран за МВП на квалификацискиот круг во Европската лига, а меѓу ривалите е играчот на Хановер, Мариус Штајнхаузер кој постигна 11 гола на истиот меч, потоа Левин Ванер од Берн и Тарик Велиќ од Горење.