Санчо ноќе е буден, преку ден спие - Челси откри зошто платиле за тој да си оди!

Претседателот на Челси, Тод Боли открива зошто тие не ја искористиле клаузулата да го откупат Џејдон Санчо, туку платиле за да го вратат на Олд Трафорд.

Англискиот фудбалер минатата сезона играше на позајмица во Челси, но лондонскиот клуб не се одлучи да го откупи. Во договорот со Манчестер јунајтед имаше клаузула и дека сините треба да платат 5 милиони фунти ако не го откупат, тоа го направија.

Тод Боли вели дека Санчо ја нема дисциплината која мора да ја имаат фудбалерите, а причина е неговата девојка која живее во сад.

„Имавме договор да го купиме за 20 милиони евра, но минатата сезона фудбалерот пропушти неколку тренинзи, вклучувајќи и еден меч“, открива Боли.

„Тој ноќта ја минута пишувајќи си со неговата девојка, спие преку ден и кога и да има два дена слободни, оди во Лос Анџелес кај неа. Затоа одлучивме да платиме за тој да си оди“.