Французинот Леонардо Жардим најде нов клуб, го прекрши дадениот збор

Раководството на Фламенго одлучи да го смени тренерот Фелипе Луис, и покрај тоа што Бразилецот со овој клуб ги освои титулите во првенството и Копа Либертадорес, а клубот не чекаше долго и да назначи негов наследник.

За нов тренер на шампионот на Јужна Америка е именуван Португалецот Леонардо Жардим кој потпиша договор до крајот на 2027 година.

Жардим има 51 година и богата тренерска кариера зад себе. Во својата татковина ги водеше Брага и Спортинг, додека во Европа беше тренер на Олимпијакос и Монако, работеше и во Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар, а негов претходен клуб беше Крузеи́ро од Бразил.

Додека беше во Крузеи́ро, Жардим вети дека нема да води ниту еден друг бразилски клуб, но очигледно сега го прекрши дадениот збор.