Шкендија Арачиново по поразот од Скопје го избрка Калц!
Тимот од Арачиново сезонава има амбиции да избори место во Првата лига, па раководството смета дека со брза реакција ќе придонесат за подобри резултати. Отказот доаѓа по поразот во дербито со Скопје на свој терен минатиот викенд од 2-1.
На клупата на Шкендија Арачиново Марковски пристигна на почетокот на актуелната сезона, а претходно ги водеше уште: Скопје, Тетекс, Работнички и Вардар.
Шкендија на табелата во овој момент е второпласирана со бод помалку од Охрид и бод повеќе од Скопје на третата позиција, не се далеку ниту Брегалница, Новаци, Детонит...