
Седлоски: Нема опуштање пред реваншот против Ла Фиорита!
Седлоски вели дека нема опуштање против Ла Фиорита додека не биде целосно завршена задачата и обезбеден пласманот во следната рунда.
„Уште по завршувањето на првиот меч им кажав на играчите дека нема опуштање. Гледаме какви екипи испаѓаат од Европа. Да покажеме дека сме дојдени тука за да поминеме понатаму. Резултатот од 3-0 не смее да нè залажува. Имаме проблеми, Најдовски, Фаустин, Талевски се повредени. Некои играчи првпат играат вакви мечеви. Нема да потцениме никого, напротив очекувам да го засилиме темпото и да одиграме уште подобро. Резултатот од 3:0 го оставаме зад себе, го забораваме и така ќе влеземе во натпреварот“, кажа Седлоски.
Натпреварот меѓу Ла Фиорита и Вардар се игра в четврток од 21 часот.