
Јамал потпиша до 2031 година и ја доби „десетката“ во Барселона (ВИДЕО)
Јамал ја наследи „десетката“ од Ансу Фати, кој ја продолжи кариерата во Монако, а тоа е доказ дека Барселона гледа лидер во талентираниот шпански репрезентативец.
„Десетката“ има посебна тежина во каталонскиот гигант, односно досега ја носеа Лионел Меси, Роналдињо, Ромарио, Ривалдо и други фудбалери.
Големиот талент досега за Барселона настапи на 106 натпревари, а притоа постигна 25 голови и 34 асистенции.
Lamine Yamal 🟰 🔟✨
— Reshad Rahman (@ReshadFCB) July 16, 2025
pic.twitter.com/9vV4OqSjOB