
Бетер од прилепска Победа: Црногорски клуб доби десетгодишна суспензија од УЕФА!
Клубот доби десетгодишна суспензија од европските купови, треба да плати 500 илјади евра, а жестоко се казнети и фудбалери и членови на раководството. Сето тоа е епилог на скандалот во квалификациите за Конференциската лига против Алашкерт пред две години.
Со доживотна забрана за работа во фудбалот се казнети играчот Никола Челебиќ и претставникот на клубот Ранко Крговиќ, а по 10 години надвор од спортот ќе поминат капитенот Ќетко Манојловиќ, потоа Радуле Живковиќ и Душан Пулетиќ.
Пред две години, во квалификациите за Конференциската лига, Арсенал Тиват како домаќин загуби од Алашкерт со 1-6. Мечот беше под лупа на УЕФА, а полски медиуми пишуваа дека обложувалниците примиле енормно големи уплати, дури до 250 илјади евра, за играта „2+ голови во прво полувреме“ и тоа за кладење во живо по 35. минута иако дотогаш резултатот бил 0-0. првиот гол паднал во 40. минута, а вториот во судиското продолжение. Обложувалниците се обидоа да се заштитат од високи уплати во финишот од полувремето, но некои од нив не успеале. Квотата за 2+ во прво полувреме во тој момент изнесувала 30.
Трендот продолжил во второто полувреме кога повторно имало големи уплати на 5+ и 7+ голови што на крајот се остварило.
Казната за Арсенал е Тиват е поголема дури и од онаа на победа која поради наводно местење во 2004 против Пјуник, беше суспендирана на осум години.