
Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Арсенал и Ливерпул ќе му помага на Гвардиола
Туре во кариерата одигра повеќе од 350 натпревари во Премиер лигата, а освен за Манчестер сити настапуваше уште за Арсенал и Ливерпул.
„Пресреќни сме што Коло потпиша договор и ќе остане во стручниот штаб на нашиот тим“, изјави спортскиот директор на Манчестер Сити, Хуго Вијана.
Дресот на Манчестер сити како фудбалер Туре го носеше во период од 2009 до 2013 година. Во тренерската кариера самостојно го водеше Виган, а беше член уште на стручниот штб на Селтик, Лестер и репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.