Вардаровата експедиција доцна вечерва слета во Болоња од каде со клупскиот автобус се упати кон Сан Марино каде во четврток го играат реванш натпреварот од Конференциската лига против Ла Фиорита.

Клупскиот автобус на Вардар ги пречека фудбалерите на аеродромот во Болоња кои таму пристигнаа со лет на Визер од Скопје.

Вардарци ќе бидат сместени во Сан Марино, каде во четврток од 21 часот ќе го играат реваншот против Ла Фиорита.

Вардар со убедливи 3-0 го доби првиот меч против Ла Фиорита кој се одигра на Градски, па се очекува мирен реванш во кој треба да се потврди пласманот во следното квалификациско коло.