Голем е Мајкл Џордан: Грчките келнери долго ќе го паметат бакшишот кој им го оставил!

Низ социјалните медиуми кружат слики од Мајкл Џордан во Грција каде е одржан настан на неговиот бренд на кој присуствуваа и сегашни НБА ѕвезди како Лука Дончиќ, Бем Адебајо...

Локалните медиуми, исто така ги објавија деталите. Вечерата се одржала во еден од најдобрите грчки ресторани, Папајоану, во атинското предградие Вулијагмени.

Менито за ексклузивната вечера на брегот го подготвил лично сопственикот на ресторанот, Џорџ Папајоану, а колку бил задоволен Џордан најдобро се гледа од бакшишот што го оставил - огромни 10.000 евра.

Келнерите кои биле на смена цел живот ќе го паметат бакшишот и ќе раскажуваат.