
Лесна задача за Металург, нешто потешки обврски за Чаир и за Куманово!
Ракометарките на Металург ќе се соочат со Диферданж од Луксембург, против кого првиот натпревар ќе го одиграат во Скопје, додека реваншот е закажан на гостински терен во Луксембург. Тимот на Чаир, кој минатата сезона стигна до осминафиналето, ќе игра против словенечкиот клуб Ајдовшчина. Првиот меч ќе се одигра во Словенија, додека реваншот ќе се игра пред домашна публика во Скопје. Куманово, пак, ќе се сретне со литванската екипа Каскада Гарлијава. Натпреварот ќе започне на гостински терен, а реваншот ќе се игра во Куманово.
Дуелите од првиот натпревар на второто коло се закажани за 26 и 27 септември, додека реваншите ќе се одиграат на 4 и 5 октомври.
Македонија во ова натпреварување ја претставува и екипата на Ѓорче Петров, која како шампион почнува од третото коло.