Реал Мадрид го врати своето дете – плати 50 милиони евра!

Екипата на Реал Мадрид вечерва го потврди трансферот шпанскиот дефанзивец, Алваро Карерас кој пристигнува од Бенфика.

„Кралевите“ потврдија дека Карерас кој има 22 години ставил потпис на договор од шест години со важност до 30 јуни 2031 година.

За Карерас ова е враќа во Мадрид каде што беше дел од младинските категории и настапуваше од 2017 до 2020 година за кадетскиот и јуниорскиот тим.

Сумата за трансферот гигантот од Мадрид не ја открива, но шпанските медиуми пишуваат дека Бенфика од овој трансфер ќе инкасира 50 милиони евра.

Претставувањето на Карерас е закажано за утре од 13:00 часот во тренинг центарот.

Фото: S.L. Benfica/X