
Чудна фотка на Челси: „Ова е косата која предизвика најбизарен фаул во историјата!“ (ФОТО)
Хероите на финалето беа Кол Палмер, кој постигна два гола и Жоао Педро, со што „сините“ од Лондон стигнаа до својата прва светска титула. Натпреварот не помина без контроверзи, откако пред самиот крај, фудбалерот на ПСЖ, Жоао Невеш, доби директен црвен картон откако го повлече за коса дефанзивецот на Челси, Марк Кукуреља.
По мечот, „сините“ од Лондон на социјалните мрежи реагираше со необична објава – фотографија од карактеристичната фризура на Кукуреља без никаков опис, што дополнително ја разгори дебатата меѓу навивачите.
„Ова е косата која предизвика најбизарен фаул во историјата!“, беше еден од најлајкуваните коментари под објавената фотографија.
ФОТО: EPA PHOTO