ФИФА во финалето игнорираше важно правило, јавноста е згрозена од нивното однесување!

Вчера со финалето меѓу Челси и ПСЖ беше спуштена завесата на првото Светско клупско првенство од овој формат. Последниот меч од натпреварувањето не мина без критики.

Челси го доби мечот со 3-0 и стана Светски клупски шампион, а она што се случуваше на полувремето од натпреварот наиде на осуда кај некои новинари.

Паузата на полувремето траеше многу повеќе од предвидените 15 минути. Гласот го крена новинарот на „Тајмс“, Мартин Циглер.

„Која е логиката ФИФА да зборува за придржување на правила, а тие го игнорираат правилото од максимум 15 минути одмор на полувремето и сето тоа за Инфантино да има свое шоу од 24 минути“, се прашува Циглер.

Тоа беше 24 минутно шоу со музичка содржина кое изгледаше како на Супер Боул, а не на фудбалски натпревар.

ФИФА дозволи пауза од 24 минути иако никој не добил известување за такво нешто.