
Цел свет виде како Луис Енрике го удри Жоао Педро, а тој се правда: Сакав да ги разделам! (ВИДЕО)
На прес-конференцијата по натпреварот Луис Енрике меѓудругото објаснуваше и за инцидентот, но тешко е некој да му поверува на зборовите кои ги кажа.
„Немам проблем да признаам како се чувствував по натпреварот во еден таков притисок. Сите сме под стрес. Не е можно тој да се одбегне во целост“, вели Луис Енрике.
„Сите беа вклучени во инцидентот. Не е тоа нешто најдобро, но е резултат на големиот притисок кој го носат овие натпревари. Го видов тренерот на Челси, Енцо Мареска и тој туркаше други. Моравме да ги раздвојуваме играчите и не знам точно од каде почна се“.
„Но, ова се ситуации кои мора да ги избегнуваме. Тоа е јасно. Мојата намера беше да ги раздвојам играчите за ситуацијата да не се влошеше дополнително“.
Целиот свет виде дека Луис Енрике не ја подобри ситуацијата, напротив неговиот удар врз Жоао Педро беше најлошиот момент од целиот инцидент.
Тој вели дека неговиот тим не е губитнички, напротив.
„Ние не сме губитници, нема тука губитници. Ние сме вицешампиони. Губитник е оној кој ќе се предаде и ќе остане во кревет. На ова ниво на спорт нема губитници“.