
Три англиски гиганти тргнуваат по потписот на Родриго!
Родриго нема иднина во Реал Мадрид, тој не е во плановите на Чаби Алонсо, тоа се виде и на Светското клупско првенство.
Арсенал подолго време се интересира за Бразилецот, но сега се пишува и за интерес од Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Реал Мадрид сака да го продаде Родриго, но нема намера тоа да биде евтино, Флорентино Перез сака за него да добие 100 милиони евра.