TФТ се засили со Американец од Португалија

Екипата на ТФТ денеска го потврди новото американско засилување во своите редови и тоа е Стенли Дејвис кој во македонската кошарка пристигнува од Португалија.

Во прашање е кошаркар кој може да игра како бек и крило, а во минатата сезона во тимот на Галомар имаше просек од 14.2 поени, 2.8 скокови и 2.3 асистенции по натпревар.

Иако има 26 години зад себе има богато интернационално искуство бидејќи веќе настапувал во осум различни земји.

ТФТ со овој потег продолжува да се засилува пред новата сезона во која го чекаат меѓународни настапи и натпревари во регионалната АБА 2 лига.