
ПСЖ и Челси битка за светскиот трон и 40 милиони долари
Битката на актуелниот европски шампион и Челси започува во 21:00 часот по средноевропско време, а фаворитската улога на хартија пред почетокот ја има францускот гигант.
За пласманот во финалето двата клубови веќе добија по 30 милиони долари, додека победникот во денешното финале ќе добие дополнителни 40 што секако претставува доволен мотив.
Поголема важност на натпреварот се додава и со најавеното присуство на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Челси за овој дуел не може да смета на стоперот Весли Фофана и белгискиот фудбалер за врска Ромео Лавија кој има проблем со мускулот. Џејми Гитенс кој веќе пристигна од Борусија Дортмунд нема право на настап на овој турнир.
ПСЖ од друга страна ќе биде без Лукас Ернандез и Еквадорецот, Вилијан Пачо, двајцата се суспендирани поради црвени картони.
Ако Французите успеат да дојдат до трофејот тоа би било круна на за нив перфектната сезона во која досега освоија четири трофеи, три во домашното првенство и Лигата на шампипните.
Фото: EPA