Њукасл не се шегува: Еланга пристигна, а сега сакаат и напаѓач од 100 милиони евра

Eкипата на Њукасл која пред два дена го потврди ангажманот на Антони Еланга летово би можела да доведе уште едно засилување во нападот и тоа од Бундеслигата.

Станува збор за Хуго Екитике кој е желба и на поголеми европки клубови. Њукасл во него гледа одлична конкуренција на Александар Исак, но сигурно дека и двајцата би можеле да играат во тандем, ако Швеѓанецот остане на „Сент Џејмс Парк“.

Не е првпат Њукасл да се поврзува со Екитике бидејќи се обидоа да го убедат да се пресели кај нив и во летото 2022 година, но тогаш немаа успех. Во изминатата сезона постигна 22 гола и подели 12 асистенции, а Ајнтрахт во неговиот договор вметна откупна клаузула од 100 милиони евра. Германците немаат финансиски притисок и нема да брзаат, па така можат да бараат висока сума.

Во Њукасл остануваат без Калум Вилсон кој веќе потврди дека заминува, па Исак е единствената вистинска опција за позицијата напаѓач и токму затоа Еди Хау сака да го има Екитике во своите редови наредната сезона.

Ќе потсетиме, Њукасл во новата сезона ги чека и настап во Лигата на шампионите.

Фото: Eintracht Frankfurt/X