
Потврден еден од најголемите трансфери летово во Премиер лигата
Еланга со Њукасл ќе има можност да игра и во Лигата на шампионите, а договорот кој го потпиша е со важност од пет години.
Тренерот Еди Хау не го криеше задоволството од неговото пристигнување.
„Пресреќен сум. Тој беше една од најважните мети за нас и многу сум задоволен што успеавме да го доведеме на стартот од припремите“, изјави одличниот стратег.
Еланга кој во кариерата беше дел и од Манчестер јунајтед во Њукасл ќе му се придружи на неговиот сонародник од репрезентацијата на Шведска, Александар Исак, но неговата иднина на „Сент Џејмс Парк“ не е сигурна.
Во изминатата сезона на 38 натпревари Еланга пстигна шест погодоци.