Меси ќе биде пресреќен: Интер Мајами го договори неговиот омилен соиграч

Родриго Де Паул е многу блиску пред потпис со екипата на Интер Мајами.  Аргентинскиот репрезентативец сака да игра со Меси и во клупскиот фудбал и наскоро се очекува да ја комплетира преселбата во САД.

Де Пол веќе ги договори личните услови и остана уште двата клуба да договорат одредени детали.

Во Интер Мајами тој пристигнува веројатно на барање токму на Меси кој со него има одлична комуникација и однос во репрезентацијата, многумина велат и дека токму Де Пол е еден од најомилените соиграчи на Аргентинецот.

Низ својата кариера Де Пол играше уште за аргентинскиот Расинг, Валенсија, Удинезе и Атлетико Мадрид, а заедно со Меси успеа да стигне до титулата на Мундијалот во Катар во 2022 година.

Фото: Atlético de Madrid/X