
Фирмино направи неочекуван трансфер – се пресели во послаба лига!
Од денеска Фирмино ќе настапува за Ал Сад од Катар, но останатите детали од неговиот договор не се познати.
Фирмино со Ал Ахли успеа да ја освои азиската Лига на шампиони и за овој клуб одигра 65 натпревари во кои постигна 65 натпревари, постигна 21 гол и додаде 17 асистенции.
Трансферот е по малку и изненадувачки бидејќи заминува во послаба лига, но ќе ја дели соблекувалната со тројца сонародници, Паоло Отавио, Џовани и Клаудињо. Тимот од клупата го предводи Шпанецот, Феликс Санчез.
Но, треба да се знае дека Ал Сад ги освои последните две титули во првенството на Катар, а четири пати беше шампион во последните пет години.
Фирмино има 33 години и пред заминувањето во Азија испишуваше историја со Ливерпул каде што настапуваше од 2015 до 2023 година. Во кариерата беше дел уште од Хофенхајм и бразилските клубови Фигуиренсе и Томбенсе.
Фото: Al-Ahli/X