Лудо било на забавата на Јамал: Се славело до девет часот утрово! (ВИДЕО)

Ламин Јамал изминатата вечер го прослави својот 18-ти роденден и од денеска тој e веќе полнолетен, а роденденот го прослави со луда забава на Ибица.

Медиумите најавуваа дека Јамал подготвил спектакуларна забава за сите присутни, а веројатно и било така затоа што се славело до девет часот утрово. Јамал утрово објави и кратко видео на својот Инстаграм профил кое веројатно доволно покажува каква била атмосферата.

На социјалните мрежи се појави и снимка на која може да се види како Балде и Гави добро се забавуваат, додека со интересна порака на социјалните мрежи се огласи Џек Грилиш.

„Среќен роденден! Не ми се верува колку времето брзо поминува, како вчера да имаше 17“, напиша Грилиш под една од фотографиите на Јамал.

Исто така се појави и фотографија од поголема торта на која беше оставена порака која алудираше на поврзувањето на младиот фудблаер со повозрасни девојки во изминатиот период.