
Се оди веќе предалеку: Во Кина роботи играа фудбал! (ВИДЕО)
Кина успеа да ја лансира својата прва хуманоидна фудбалска лига и моментите од првиот натпревар изгледаа комично и урнебесно.
Роботите на теренот се двиежа како деца од пет години, можеше да се види и како паѓаат и се креваат. Некои од нив беа изнесени и со носилки од теренот.
Сите одлуки кои ги носат „фудбалерите“ доаѓаат од код направен со вештачка интелигенција, a топката можат да ја видат преку камера и сите одлуки ги носат сами во реално време.
Еден од основачите, Ченг Хао вели дека работите со текот на времето ќе играат многу подобро, па дури е убеден дека толку ќе се усовршат што ќе можат да одиграат и натпревар против вистински фудбалски тим.