Го победи ракот, а сега доби суспензија поради лек против опаѓање на коса

Одличниот стопер од редовите на Атлетик Билбао, Јерај Алварез падна на допинг-тест поради што доби и суспензија, а тој тврди дека проблемите настанале поради лек против опаѓање на косата.

Јерај кој денес има 30 години во 2017 година го победи ракот на тестисите, сега падна на допинг-тест кој бил направен по првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на Европа против Манчестер јунајед.

За медиумите Јерај откри дека суспензијата е првиремена и се брани со тврдењето дека забранетата супстанца во неговиот организам се нашла поради тоа што користел лек кој му помагал да се справи со губењето коса.

„Откако го победив ракот со години користам третман против алопеција и откако го анализиравме случајот потврдивме дека до позитивниот тест е дојдено поради ненамрено земање превентивен лек кој ја содржел забранетата супстанца“, изјави Јерај.

Атлетик Билбао исто така го потврди случајот и потенцираше дека до него е дојдено поради „човечка грешка“, но нагласија дека нема да даваат дополнителни коментари.

Фото: Athletic Club/X