Алонсо детектирал голем проблем во играта на Реал Мадрид

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо неодамна го презема кормилото на Реал Мадрид и успеа да стигне до полуфиналето на Светското клупско првенство, по што доживеа дебакл против ПСЖ (0-4), но тренерот бил загрижен за еден детал во играта.

„Марка“ објави дека Алонсо детектирал голем проблем во играта на Реал Мадрид, а тоа е дека фудбалерите повеќе се истакнуваат како индивидуи на теренот, а не како една целина.

Со оглед на тоа дека во клубот има голем број ѕвезди пред Алонсо е тешка и напорна работа да го реши проблемот и да создаде тим кој ќе може да се бори за титули.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.