Македонија ЃП се засили со искусниот Дарко Глишиќ

Повратникот во Првата лига, Македонија Ѓорче Петров денеска промовираше ново засилување за следната сезона, а тоа е искусниот дефанзивец Дарко Глишиќ.

Глишиќ доаѓа од редовите на Гостивар и треба да биде столб во одбраната на скопскиот тим во новата сезона.

Македонскиот дефанзивец во кариерата играше за Гостивар, Вардар, Докса, Септември Софија, Динамо Тбилиси и други екипи.