Најголемиот ривал на Милан може да го врати Донарума во Италија!

Поранешниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума според последните информации би можел да се врати во Италија и тоа во најголемиот ривал на „росонерите“.

Медиумите во Италија пренесуваат дека Интер покажал интере за Донарума кој одлично брани за ПСЖ, но сепак нема донесено одлука за својата иднина, а договорот му истекува за помалку од 12 месеци.

Интер ја следи ситуацијата и наводно раководството е подготвено да го врати во Милано нудејќи му договор на пет години со плата од 7.5 милиони во првата година од договорот, но со клазула да расте секоја наредна со што во петтата би добил 11 милиони евра.

Сепак, освен со Донарума, Интер ќе мора да се договори и со ПСЖ, а тоа сигурно нема да биде лесна задача.