Желбата на Челси нема да се исполни, Алегри ги израдува навивачите

Eден од најважните во тимот на Милан, голманот Мајк Мањан летово нема да го напушти клубот, иако се најавуваше дека може да се пресели во Премиер лигата во редовите на Челси.

Информацијата која сигурно ги израдува навивачите ја потврди тренерот Масимилијано Алегри кој нагласи и дека Мањан ќе продолжи да биде капитен на „росонерите.

„Навистина сум среќен што Мајк одлучи да остане, тој е еден од најдобрите голмани во Европа и ќе продолжи да биде наш капитен“, изјави Алегри.

Францускиот чувар на мрежата во редовите на Милан пристигна во 2021 година од Лил и во Италија брани на високо ниво. Покрај Лил во кариерата, Мањан беше дел уште од тимот на Париз.