Барселона ќе остане со празни раце, Диаз прифати трансфер во друг гигант

Каталонскиот гигант Барселона наскоро би можел да доживее уште еден тежок пораз на трансфер-маркетот, откако претходно ја загуби битката за Нико Вилијамс, а сега може да остане и без Луис Диаз од Ливерпул.

Барселона долго време го посакуваше Диаз, но Ливерпул не сакаше да го продаде, а во медиумите почна да се шпекулира дека Колумбиецот наводно дал „зелено светло“ за трансфер во Баерн Минхен.

Баерн Минхен очигледно нема да штеди пари за Диаз и ќе ги исполни барањата на Ливерпул, односно ќе му плати 80 милиони евра.

Фото: Facebook/Liverpool FC