
Вардар ќе ја продолжи соработката со главниот спонзор од минатата сезона!
Според договорот за изминатата сезона беше најавено дека компанијата ќе вложи околу еден милион евра во една сезона.
Во сезоната која е зад нас, Вардар конечно започна финансиски да се стабилизира, а освен тоа успеа и да го освои Купот на Македонија со што клубот избори и настап во квалификациите за Конференциската лига каде што прва пречка ќе биде тимот на Ла Фиорита.
Првиот натпревар е закажан за в четврток на 10 јули, додека реваншот е седум дена подоцна.