
Поранешниот голман на Пелистер доби отказ дека бил на концертот на Томпсон!
Имено, Ивиќ одлучил да се појави на концертот на пејачот Марко Перковиќ Томпсон, а поради тоа сега ќе мора да бара нова клупска содржина.
Исто така голманот освен што присуствувал на концертот имал и неколку објави на социјалните мрежи што дополнително ги налутило во српскиот клуб од каде што одлучиле веднаш да реагираат.
„Ваквото однесување на еден играч на Војводина е недозволиво. Клубот веднаш ќе започне со постапка за раскин на договорот со Филип Ивиќ“, истакна за „Максбет Спорт“, претстедателот на Војводина, Драгољуб Збиљиќ.
Покрај Пелистер, Ивиќ во кариерата беше дел од Загреб и Киелце, а исо така има и настапи за репрезетнацијата на Хрватска.