
Американец е првото странско засилување за Работнички!
Нов кошаркар на клубот од Градски парк е Американецот, Брет Томпсон кој пристигнува со цел да се надополни просторот кој остана ослободен по заминувањата на Андреј Шошкиќ и Џекон Дубински.
Станува збор за кошаркар кој има 24 години и е висок 185 сантиметри, колеџ-деновите ги помина во универзитетите Тенеси и Јагстаун, а во изминатата сезона за првпат беше дел од европската кошарка. Прво го носеше дресот на Мостар за потоа да се пресели воТребиња.
Зад своето име има просек 20.5 поени, 4.5 асистенции и 3.4 скока по натпревар со индекс 22.3