
Ивановски елиминиран на стартот од Челинџерот во Јаши
Подобар од Ивановски со 2-0 во сетови беше Марко Торо од Германија. Германецот победата ја обезбеди со 6-3 и 6-4 за 102 минути поминати на теренот.
Торо во првиот сет направи брејк на стартот за водство од 2-0 и тој се покажа како доволен за освојување на сетот со 6-3. Слична беше и ситуацијата во вториот сет кога во третиот гем Торо го одзема сервисот на Ивановски. Македонскиот тенисер во осмиот гем пропушти три брејк топки, по што противникот го приведе мечот кон крајот.
Следен предизивик за Калин ќе биде уште еден Челиннџер турнир во Сан Марино.