Ново засилување за Фенербахче: Мурињо доби напаѓач од Ал Наср

Фенербахче се договори со Ал Наср за позајмица на одличниот напаѓач Џон Дуран, па така тренерот Жозе Мурињо почна да гради квалитетен тим со цел да ја нападне титулата во турската Суперлига.

Турскиот гигант се договори со Ал Наср за едногодишна позајмица на Дуран, при што ќе ја покрие целосно платата на талентираниот напаѓач.

Дуран минатата сезона настапи на 18 натпревари за Ал Наср и постигна дури 12 голови, а претходно играше за Астон вила, Чикаго и Енвигадо.

Фото: Facebook/Fenerbahçe