Пресврт во трката за „Златна топка“: Дембеле води пред Јамал!

„Франс Фудбал“ на 22 септември во Париз ќе ја додели престижната награда „Златна топка“, а последните податоци покажуваат дека Осман Дембеле е главен фаворит во трката.

Пред речиси еден ипол месец Ламин Јамал водеше во трката за признанието, меѓутоа резултатот драстично се промени и Дембеле сега има 77,5 отсто шанси да ја освои наградата.

Јамал е на втората позиција со само 25 проценти шанса да ја освои „Златната топка“, додека трет е Витиња со 11,1 отсто шанси за признанието.