Откриена тактиката на Барселона со која ќе се обиде да го елиминира Атлетико Мадрид

Барселона вечерва ќе се соочи во реваншот против Атлетико Мадрид во полуфиналето на Копа Дел Реј, а избраниците на тренерот Ханси Флик ќе брка негатива од 0-4 од првиот натпревар.

Новинарот Фабрицио Романо ја откри тактиката која Флик им ја кажал на фудбалерите, со цел да се вратат од ужасната ситуација во која се наоѓаат.

Флик наводно им кажал на ѕвездите да се однесуваат кон денешниот дуел како кон два натпревари, односно бара победа од 2-0 во првото полувреме и уште 2-0 во второто полувреме за да ја анулираат негативата.

Фото: Facebook/Barcelona