Урнебесна реакција: Тенисерка на Вимблдон ќе се расплачеше поради пчела! (ВИДЕО)

Шуаи Жанг и Екатерина Александрова славеа победа против Ери Хозуми и Адили Сутијади со 7-6, 5-7 и 6-2 во второто коло во двојки н Вимблдон, а овој меч го привлече вниманието на медиумите поради една необична сцена.

Во главна улога беше индонезиската тенисерка Сутијади кога во завршницата на третиот сет се соочи со пчела која и застана на раката.

Буквално малку фалеше тенисерката од Индонезија да се расплаче, а изненаден од таквата реакција беше и коментаторот кој во прв момент се запраша дали навистина станува збор за пчела.

Видеото од оваа сцена можете да го погледнете - ТУКА.