
Алонсо го најде наследникот на Модриќ, но трансферот делува како - невозможна мисија!
Витиња е еден од најдобрите фудбалери во светот и му помогна на ПСЖ да го крене пехарот во Лигата на шампиони (ЛШ), па поради тоа привлече голем интерес од „кралевите“, но шпанскиот гигант нема лесно да го добие неговиот потпис.
Вредноста на Витиња се проценува на околу 80 милиони евра според „Трансфермаркт“, но дополнителен проблем е тоа што има договор со парижаните до 2029 година, па нема да бидат лесни преговорите меѓу двете екипи.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.