
Робертсон со порака од која се кине срцето и веднаш се плаче се збогува од Жота (ФОТО)
Неговата смрт предизвика тага ширум светот, но особено потресна беше прошталната порака на неговиот соиграч и голем пријател Енди Робертсон.
„Тој беше мој брат, човек кого го сакав и кој неизмерно ќе ми недостасува. Сакам да го паметам по неговата добрина, едноставност и љубовта што ја имаше за луѓето што му значеа. Диого беше најдобриот меѓу најдобрите“, напиша Робертсон во емотивно писмо објавено на социјалните мрежи.
Тој се потсети на нивното пријателство, шегите дека Жота бил „Ирец“ или „Шкот“, заедничките моменти на гледање спорт и, особено, денот на венчавката на Жота – за кој вели дека бил најсреќниот ден во неговиот живот.
„Сакам да го паметам неговиот насмевка од тој магичен ден. Беше преполн со љубов кон сопругата и семејството“, дополнува фудбалерот на Ливерпул.
Трагедијата се случи рано изутрина во шпанската провинција Замора. Според информациите на полицијата, до несреќата дошло поради пукање на гума додека возилото претекнувало, по што автомобилот излетал од патот и се запалил. Во несреќата животот го загубиле две лица – Диого Жота и неговиот брат Андре Фелипе. Настраданиот фудбалер на „црвените“ само десет дена претходно се ожени со својата долгогодишна партнерка Руте Кардозо, со која има три деца.
„Не можам да поверувам дека се збогуваме. Прерано е и премногу боли. Но, благодарам што беше дел од мојот живот, пријателе – и што го направи подобар. Те сакам, Диого“, се зборовите со кои Робертсон го заврши своето писмо, со што го трогна целиот спортски свет.