Камионџија три минути по несреќата го снимил автомобилот на Жота (ВИДЕО)

Фудбалскиот свет во текот на вчерашниот ден беше потресен со смртта на португалскиот фудбалер, Диого Жота кој го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија заедно со неговиот брат.

Жота и неговиот брат Андре Силва се возеле со Ламбургини, а изгубиле контрола во моментот кога им пукнала гума по што излетале од патот. Возилото по ударот веднаш се запалило, по што било целосно уништено.

На социјалните мрежи се појави снимка која е направена само неколку моменти по несреќата од камионџија кој минувал по тој пат. Во тие моменти може да се види како автомобилот е во пламен.

Според информациите камионот на местото на несреќата поминал во 00:38 часот, само три минути по излетувањето на возилото.