Синер фуриозно до третото коло на Вимблдон!

Најдобриот светски тенисер, Јаник Синер лесно ја оправда фаворитската улога и со 3-0 (6-1, 6-1, 6-3) во сетови славеше над Александар Вукиќ за пласман во третото коло на Вимблдон.

Вукиќ денеска не беше ниту блиску да го изненади Синер кој од почетокот до крајот доминираше, а во првите два сета Австралиецот освои само два гема.

Најсилен отпор Вукиќ пружи во последниот, трет гем, кога освои три гема. Не се откажа и пред самиот крај кога спаси пет меч топки, а дури дојде и до брејк можност, меѓутоа сетот сепак му припадна на Италијанецот за конечен триумф.

Синер до победата дојде за само еден час и 40 минути игра.

Во третото коло Синер ќе игра против Шпанецот Педро Мартинез кој со 3-0 во сетови беше подобар од Аргентинецот, Навоне.