Никој во Ливерпул никогаш повеќе нема да го носи бројот на Жота

Диого Жота кој заедно со својот брат го загуби жвиотот во сообраќајна несреќа во пет години остави голема трага на „Енфилд“, па поради тоа Ливерпул ќе му оддаде и посебна почит.

Имено, од редовите на англискиот гигант потврдија дека дресот со број „20“ со кој настапуваше Португалецот ќе биде повлече од употреба и никој во иднина нема да може да го носи.

Жота во Ливерпул пристигна во 2020 година од редовите на Вулверхемптон за 45 милиони евра и се покажа како одличен потег на тогашниот тренер Јирген Клоп.

Во тие пет години за Ливерпул настапи на 190 натпревари во Премиер лигата и во нив потигна 63 гола и запиша 24 асистенции, додека во Лигата на шампионите собра 38 натпреварри со шест погодоци и седум асистенции.