
Судијата на сервис за победа го прекина мечот на десетиот носител – тој збесна (ВИДЕО)
Дуелот на теренот број два беше прекинат во 21.29 часот по локално време, токму кога десеттиот тенисер на АТП листата се подготвуваше да сервира за победа. Во претходниот гем, Шелтон имаше три меч-топки на сервисот на Хиџиката, но не успеа да ги искористи. Иако и двајцата играчи предложија натпреварот да биде прекинат уште по вториот сет поради лошата видливост и лизгав терен, главниот судија Начо Форкадел не го прифати тоа. Сепак, кога Шелтон се подготвуваше за сервис за победа, мечот конечно беше прекинат и одложен за денеска, но не пред 12.30 часот, на истиот терен како и синоќа.
Шелтон, кој збесна на одлуката на судијата (види ТУКА), е највисокорангираниот играч во оваа четвртина од ждрепката откако седмиот носител Лоренцо Музети беше елиминиран уште во првото коло. Американецот е на чекор до својата втора последователна победа над Хиџиката, како и до втор последователен настап во третото коло на Вимблдон. Победникот од овој натпревар ќе игра против подобриот од мечот меѓу Мартон Фучович и Гаел Монфис – меч што исто така беше прекинат поради временски услови при резултат 2-2 во сетови.