Шкендија го победи Динамо Тирана пред настапот во Европа! (ВИДЕО)

Македонскиот шампион, Шкендија со 2-1 славеше во Тетово против Динамо Тирана на „генералката“ пред настапот во квалификациите од Лигата на шампионите.

Шкендија поведе со голот на Красниќи во 31. минута од натпреварот.

Гостите од Албанија израмнија во финишот од првиот дел, а во 67. минута Јакупи ја донесе победата од 2-1.

Шкендија во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите игра против велшкиот клуб ТНС. Првиот натпревар се игра во Велс на 8 јули, реваншот е седум дена подоцна во Скопје.