Синер продолжува да доминира: Без изгубен сет обезбеди осминафинале!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер издоминира и во третото коло на Вимблдон каде што славеше победа со 3-0 (6-1, 6-3, 6-1) во сетови против Шпанецот Педро Мартинез.

Синер така и во третиот меч на Вимблдон победи без изгубен сет, откако претходно со по 3-0 беше подобар од сонародникот Нарди и Австралиецот Вукиќ.

Победата најдобриот светски тенисер ја најави со доминантна игра во првиот сет кој го освои со 6-1. Мартинез барем до некаде успеа да му парира на Синер само во вториот сет кога се држеше до 2-2 кога Италијанеоцт направи брејк и одново го крена нивото на игра за да го освои сетот со 6-3.

Третиот сет повторно донесе доминација на фаворитот, па Шпанецот повторно освои само еден гем.

Во осминафиналето Синер ќе се соочи против подобриот од мечот помеѓу Димитров и Офнер.