Палмер се збуни: Засилувањето на Челси не знаеше англиски (ВИДЕО)

Eкипата на Челси славеше победа против Палмеирас со 2-1 на Светското клупско првенство, а единствениот гол за бразилскиот клуб го постигна младиот Естевао.

Eстевао така со овој гол се претстави пред својот нов клуб бидејќи веќе е познато дека 18-годишникот наредната сезона ќе го носи дресот на „сините“.

Но, очигледно летово тој ќе мора да работи и на неговиот англиски јазик бидејќи по една сцена од вчерашниот дуел беше јасно дека во овој момент речиси и да не знае ништо. Имено, Кол Палмер сакаше да разговара со него, меѓутоа настана проблем кога сфати дека Естевао воопшто не зборува англиски. По натпреварот Палмер откри што сакал да му каже на Бразилецот.

„Само дојдов до него да му кажам дека сме среќни што ќе дојде кај нас, но тој не разбра ниту еден збор. Мораше да дојде Дарио да помогне со преводот“, раскажа Палмер.