
Историска глупост: Камерунец атрактивно заби во сопствениот кош за - триумф на противникот (ВИДЕО)
Африканците водеа со 80-74 на 48 секунди до крајот и ја имаа топката под својот кош, кога се случи нешто незамисливо. Сејни, кој до тој момент беше меѓу најдобрите на теренот, се збуни при изведување на топката и атрактивно заби во сопствениот кош. По грешката, Австралија доби нова енергија, па за само 10 секунди постигна пет поени носејќи го натпреварот во продолжение.
Во дополнителните пет минути се водеше изедначена битка, но по второто продолжение Австралијците славеа во натпревар, кој сигурно ќе влезе во историјата со еден од најневеројатните пресврти. Грешката на Сејни, веднаш, стана вирална низ светските медиуми.